Максималните температури денес беа 13 Попова Шапка, 15 Лазарополе, 17 Крива Паланка, Маврови Анови, 18 Берово, Крушево, 19 Виница, 20 Претор, 21 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тетово, 22 Штип, Кавадарци, Велес, 23 Скопје-Петровец 24 Прилеп, 25 Демир Капија, Битола, Демир Капија, 27 Струмица, Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 18 Прилеп, 4 Велес, 3 Попова Шапка, 2 Маврови Анови, 1 Лазарополе, Тетово, Кавадарци.
Времето утринава беше облачно со слаб до умерен ветер. Од претпладневните часови
облачноста се преместуваше кон исток, а од северозапад се премести нестабилна
фронтална облачна маса од која најпрвин имаше повремен пороен дожд во Полог и
регионот на Скопје, а потоа во регионот на Велес, на Прилеп и кон Мариово. Доцна
попладне најсилен е ветерот на Тополчани и во Штип каде што дува со брзина и над
50 км/час.
Времето до крајот на денот ќе биде со облачноста која ќе се намалува, а ветерот ќе продолжи за засилува особено долж Повардарието и во источните делови.