Овие производи никогаш не ги нарачувајте од ТЕМУ: Опасни се по живот!

Трговско здружение во Германија ја истражуваше кинеската онлајн платформа Тему и дојде до некои шокантни откритија. Истражувањата покажаа дека некои производи можат да бидат сериозно опасни.

Германското здружение (ФСА) сакаше да добие увид во квалитетот на производите од платформа позната по ниските цени и агресивното рекламирање. За таа цел беа извршени пробни набавки и тестирање на производот. Резултатите се загрижувачки!

Трговското здружение откри значителни безбедносни ризици при тестирањето на лентите за врзување и јамки.

Производите на Тему, меѓу другото, покажаа деформации, значително помала јачина и „драматичен“ пад на потребната сила на кршење.

Дополнително, пронајдени се нелегални „CE“ ознаки (задолжителна ознака за усогласеност за производите на пазарот на ЕУ и Европската економска зона), неточни или целосно изоставени ознаки за максимално работно оптоварување и неправилно кодирање во боја.

Дефектите во производството често не се видливи со голо око, што дополнително го зголемува ризикот.

Трговското здружение затоа предупредува дека има сериозни „ризици по животот и здравјето“ на потрошувачите.

-Контролата на квалитетот и усогласеноста со европските стандарди не се гарантирани за купените производи – се наведува во соопштението објавено во понеделник.

Идентификуваните недостатоци може да доведат до „сериозни безбедносни проблеми“. Тоа што не се гледаат со голо око дополнително ја зголемува опасноста.

Поради ова, трговското здружение веќе ги предупреди властите во Дизелдорф. Тие, исто така, ја повикаа кинеската платформа Тему да преземе одговорност и да се погрижи производите што ги продава да не претставуваат опасност за клиентите.

Критиките за Тему не се ништо ново, особено од организациите за заштита на потрошувачите. Германската федерална влада на крајот на јануари објави дека ќе ја заостри контролата на кинеските платформи како Тему и Шејна. Причината не е само очигледен плагијат и нелојална конкуренција, туку и проблеми со квалитетот и недостиг на безбедносни стандарди.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното