Живот

ОВИЕ РАСИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ПОЛИЦИСКИ КУЧИЊА: Нивната работа е да откриваат експлозиви и наркотици, брзо и ефикасно!

ОВИЕ РАСИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ПОЛИЦИСКИ КУЧИЊА: Нивната работа е да откриваат експлозиви и наркотици, брзо и ефикасно!

Полициските кучиња се земаат од тестирано легло, се тренираат и се одгледуваат во текот на целиот живот.

Полициските кучиња прво се учат на основите на командите: седни, стани, стој, држи, пушти.

Потоа се специјализира за откривање експлозивни направи, наркотици или куче чувар. Со овие кучиња се работи во текот на нивниот живот, но официјалната обука трае само 2 месеци.

Многу е важно кучето да е во форма, да биде подготвено за екстремни услови и ситуации.

Кучето има 10 пати посилно сетило за мирис од човекот. Пример, луѓето можат да мирисаат грав, а кучето по тој мирис го знае потеклото на гравот.

Полициските кучиња се најчестите од овие раси:

Германски овчар – веројатно веднаш погодивте дека ова куче е најчестиот член на органите на редот. Тие се силни, агилни, мускулести кучиња кои секогаш се будни и во тек со ситуацијата. Во кучешкиот свет, тие се познати како бестрашни кучиња кои не се двоумат да реагираат на секоја навестување на опасност. Полициските и воените кучиња се најзастапени бидејќи се многу интелигентни и лесно ги совладаат тренинзите и задачите кои им се поставени. Исто така, овие кучиња покажуваат најниско ниво на стрес кога вршат операции со висок ризик.

Малиноа – можеби не сте знаеле, но куче од оваа раса по име Каиро било член на елитната единица на американските „Фоки“ кои го пронашле Осама бин Ладен. Малиноа е самоуверено куче, паметно и лојално. Братучед на германскиот овчар, ова куче прво се покажа како еден од најдобрите стокари, а потоа и како сигурен гласник за време на Првата светска војна. Тие денес се чести полициски кучиња, но во исто време и сигурни терапевтски кучиња и помагачи во потрагата по изгубени лица.

Лабрадор ретривер – многу пријателски расположени и мирни кучиња, Лабрадорите се многу успешни во совладување на обуката и учење на различни трикови. Тие се многу послушни, па лесно е да се обучуваат и ќе ги следат стапките на своите колеги полицајци или војници и ќе му го посветат животот на партнерот и ќе извршуваат важни задачи, како што се безбедноста и спасувањето луѓе. И терапевтските кучиња се одлични, а полицијата најчесто ги користи за откривање експлозиви или наркотици.

Холандски овчар – многу слични на германските овчари, овие кучиња најчесто се користат при потрага по исчезнати лица, како и при спасување луѓе. Тие се многу интелигентни, вистински спортисти, храбри. Тие се одлични работни кучиња, натпреварувачи во агилност, кучиња чувари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни