Овој вид на храна може да го забрза растот на вашата коса, експертите велат да ги јадете за појадок

Има многу работи што можете да ги направите во обид да го забрзате растот на косата, а еден лекар открил едноставна храна која треба да ја додадете во појадокот, а која според него може да помогне во зголемувањето на растот на косата.

Кога ќе забележите дека вашата коса е истенчена, што не е невозможно како што минуваат годините и како што стареат нашата кожа и коса, сигурно е дека ќе се запали светло дека треба да направите нешто. Причината за опаѓање на косата може да бидат неколку фактори, како хормонални промени, па дури и здравствени проблеми, болести на тироидната жлезда или автоимуни нарушувања.

Во вирално видео објавено на ТикТок, д-р Ширин рече дека постои здрав опсег на нивоа на феритин за раст на косата, а ако вашето е премногу ниско, кога ќе се тестирате и ќе посетите трихолог, можете да ја промените вашата исхрана за да ги зголемите, пренесува „Мирор“.

За да ги зголемите нивоата на феритин, кои се клучни за растот на косата, вклучувањето на храна богата со железо во вашата исхрана може да биде корисно. За оние кои консумираат месо и производи од животинско потекло, посно црвено месо и јајца се одлична опција.

Лесен начин за зголемување на нивото на феритин е да се префрлите на збогатени житарки за појадок, кои се полни со витамини и железо. Покрај тоа, темно лиснат зеленчук како спанаќот, кељот и брокулата, како и леќата, гравот, тофуто и сувото грозје се добри извори на железо.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното