Свет

Пад на цените на нафтата: Суровата нафта на најниско ниво во последните три месеци

Пад на цените на нафтата: Суровата нафта на најниско ниво во последните три месеци

Цените на нафтата денеска забележаа благ пад, при што суровата нафта се тргува за 73 долари по барел, додека цената на Брент нафтата изнесува 77 долари за барел.

Станува збор за најниско ниво на цените во последните три месеци, што се должи на знаците за напредок во мировните преговори меѓу САД и Иран. Овие случувања придонесоа за намалување на загриженоста околу глобалното снабдување со нафта, пренесува порталот „Трејдинг економикс“.

Во меѓувреме, водечките европски берзански индекси денеска забележаа пад. Германскиот индекс DAX ослабе за 1,03 проценти, рускиот MOEX за 0,32 проценти, францускиот CAC 40 за 0,55 проценти, а британскиот FTSE 100 за 0,66 проценти, пренесува Танјуг.

На девизниот пазар, вредноста на еврото во однос на американскиот долар денеска изнесува 1,14 долари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни