Падна Фејсбук: Корисниците ги пријавуваат овие проблеми во работењето на социјалната мрежа!

Фејсбук, главната апликација на Мета, не работи во последните половина час, јавуваат корисниците ширум светот.

Најголем број проблеми се поврзани со објавување објави, но и со уредување коментари, пренесува Блиц.

„Не можам да ги уредувам моите објави. Добивам порака дека нешто не е во ред. Се обидов неколку пати, но безуспешно“, стои во една од пораките објавени на сајтовите кои ја следат работата на Фејсбук.

Проблемите со мрежата се случија само неколку дена откако нејзиниот прв човек Марк Цукерберг најави големи промени во Facebook.

Имено, Мета, компанијата која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, најави дека драстично ќе ги промени правилата за гледање содржини на овие социјални мрежи. Накратко, ќе ја укинат проверката на фактите и тимовите кои ја проверуваа вистинитоста на објавите и ќе ги заменат со таканаречените „забелешки на заедницата“, попознати како белешки на заедницата, кои ќе ги пишуваат самите корисници. Ваков систем веќе се користи на Twitter, односно на X.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното