Магазин

Падна Инстаграм за милиони корисници

Падна Инстаграм за милиони корисници

Инстаграм престана да работи низ САД, а корисниците пријавуваат проблеми со апликацијата и врската.

Според сајтот Downdetector, кој ги следи прекините во работата на онлајн платформите, и Facebook се соочува со тешкотии, но во помал обем.

Прекинот на Инстаграм се случил околу 9 часот по средноевропско време, а повеќе од 10.000 корисници го пријавиле проблемот во Downdetector.

Фејсбук работи за некои корисници, додека други не можат да пристапат до страницата или апликацијата.

Најголем дел од проблемите се пријавени на источниот брег на САД, но има и извештаи од Јужна Калифорнија и Тексас.

Не се знае дали ситуацијата ќе се прошири и во други земји.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни