„Паднал и ја удрил главата“: Младоженец почина на својата ергенска забава

Маж сакал симболично да се прости од ергенскиот живот и да зачекори во семејниот живот како одговорен сопруг.

За жал, тоа станало неговата последна намера во животот. Дваесет и деветгодишниот младоженец Оливер Холројд, кој бил и татко на едногодишно бебе, колабирал и починал во бар во Шпанија.

Младиот маж одеднаш паднал наназад од столчето и со главата удрил во подот, објави британскиот весник „Сан“. Неколку секунди подоцна изгубил свест. Персоналот веднаш притрчал и се борел за неговиот живот околу 15 минути. Гостите и пријателите на Оливер, кои биле поканети на забавата, биле во шок.

Пристигнал тим од Брза помош кој му дал инјекција со адреналин. Но 40 минути подоцна, било соопштено дека неговото срце престанало да чука. Мажот кој планирал да ја прослави својата свадба во мај, бил прогласен за мртов во барот. Трагичниот настан се случил на 22 март, но странските медиуми дури сега известуваат за него.

Шпанската полиција претпоставува дека имал здравствени проблеми. Во минатото страдал од срцеви нарушувања.

На 24-годишна возраст го добил првиот инфаркт. Не биле пронајдени траги од дрога.

Веста за смртта на Оливер Холројд предизвика длабок шок кај неговите најблиски. Неговата идна сопруга и нивниот едногодишен син останаа без него. Близок пријател на Оливер започнал хуманитарна кампања на платформата JustGiving за собирање средства во негова чест за Асоцијацијата за мозочен удар.

Тој најавил и дека ќе организира маратон во британскиот град Лидс во чест на својот пријател.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното