Убиецот Љупчо Палевски Палче во неделата вечерта додека го кроел планот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска, на друштвените мрежи ја известува публиката дека поткастот нема да се одржи вечерта. Причините наведува дека се технички, но од денешен аспект може и сами да ја откриете вистинската, открива 4NEWS.mk
Поткастот го најавува за во вторник (ден после убиството на Вања). Ветувањето го остварува и вечерта во вторникот на 28-ми точно во 21 часот Палчо се вклучува во живо со поткаст во рамки на така наречената емисија „Крш“ која ја емитува по 113 пат. А темата е „Македонија е нај големата перална на пари во ЕВРОПА“.
Поткастот досега го гледале над 21 илјада гледачи. Но во тој момент, никој не знаел дека на нивните мобилни телефони, телевизори, компјутери гледаат убиец на 14 годишно девојче.
Палчо како во филмовите и ТВ сериите каде убијците најчесто се облечени во црна облека на себе носи црна маица и дукс во темна боја. Се наоѓа во канцеларија, на која во позадина има знамиња и симболот на партијата. Носи очила, а на почетокот од поткастот вели дека е сам и поради таа причина ги вади слушалките кои ги носи на главата.
46 минути од поткастот посветува на темата, а потоа се посветува на прашањата и мислења испратени од гледачите на платформата YouTube.
Подоцна се осврнува и на верата, додавајќи дека неговата политичка партија секогаш ќе се бори во име на православието. А во поткастот уште ѝ вели:
„Да спремам јас видео и да се одјавам. Драги мои Македонци. Гадно е, не е убаво знам, тешко е. Многу често и јас сум уморен. Многу често и вие сте уморни. Многу често сте, да не кажам секојдневно понижени, но избор немаме. Изборот е овој, македонски е изборот. Колку и да е очајно, колку и да се страшно, предлагам да престанете да се плашите, предлагам да апелирате да престанат да глумат лудило и да се прават дека не знаат дека постои „Десна“ ради информација, од 100 до 150 илјади прегледи има во 28 дена, аналитиката на YT каналот“, вели Палчо по што се одјавува од емисијата со поздравот „Да сте живи, здрави“.
Неколку пати во текот на поткастот пуши цигара, пие кафе, а често кашла и делумно е со затнат нос. Не може да се забележи анксиозност или параноја ниту пак уплашеност. Но од друга страна пак некои убијци може да испитуваат чувство на олеснување, особено ако убиството било мотивирано од лична одмазда или други силни емоции. Некои убијци може да вложат значителни напори за да ги скријат своите траги, вклучувајќи уништување на докази, создавање на алиби, или дури и бегство од местото на настанот. За да избегнат сомнеж, некои убијци може да се обидат да продолжат со својот нормален живот и рутина, како да не се случило ништо необично.