Пандов: Завршена дисциплинската постапка против двајцата затворски полицајци кои му овозможиле телефон на Васил

Дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка, кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени, информираше денеска директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.

Пандов истакна дека по пронајдените телефони кај Васил Јованов, интервентна полиција извршила претрес во притворскиот дел на затворот, при што биле откриени 70 телефони. Контроли биле направени и три дена подоцна, кога повторно биле пронајдени уште 35 телефони. Во дополнителни контроли, извршени во полу-отворените и отворени одделенија, биле откриени околу 30 телефони.

– По откривањето на телефонот во Шутка, веќе следниот ден интервенцијата продолжила. При претресот во притворскиот дел биле пронајдени 70 телефони. Три дена подоцна, повторно направен е претрес и се откриени уште 35 телефони. Во понеделникот бевме во Штип и Струмица, но таму наоѓаме само три телефони, изјави Пандов, нагласувајќи дека бројките од Шутка го загрижуваат.

Тој упати остри критики за дел од затворскиот персонал во Шутка, нагласувајќи дека некои полицајци кои работат таму не треба да носат униформа, бидејќи го срамат целиот затворски систем. Според него, тие треба да бидат избркани и ако се фатат, ќе одговараат.

– Како споредба, во понеделникот исто таква интервенција имавме во штипскиот затвор и тие беа да направат контрола во затворот во Струмица, каде има од прилика 110 затвореници, а беа најдени само три телефони. Има дел затворски полицајци кои што работат во затворот Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем. Треба да им биде јасно дека сите до еден ќе бидат фатени и ќе бидат избркани од работа. Ќе се потрудам со цел мој авторитет којшто го имам тие да се најдат позади решетки. Во последните акции кои што ги имавме се испостави дека одредени ликови кои иако се наоѓале во затворите биле на чело на нивните кланови и банди со кои командувале внатре од затворите, изјави Пандов.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното