Кошаркарите на шпанскиот Билбао поминаа низ вистинска драма на небото по натпреварот од Лигата на шампионите на ФИБА против францускиот Чоле (82:75). При враќањето од Франција, нивниот авион бил погоден од гром и настанала паника.
При слетувањето на авионот од Амстердам, патниците почувствувале силен светлосен блесок, но, и покрај паниката, се завршило без проблеми.
Удар на гром во авион не е опасен за безбедноста на патниците, бидејќи тие се дизајнирани да издржат такви удари и имаат системи за заштита од гром.
Може да се случи авионот да се затресе или да има привремен дефект, но шансите за трагедија се минимални.
Повеќе детали наскоро.