Германската полиција уапси маж кој предизвика паника во пешачката зона во Гринштат, на југозападот од земјата, каде се појави со самурајски меч и со стартен пиштол.
После неколку повици од загрижените минувачи, полицијата која дошла во пешачката зона слушнала пукање и го забележала мажот во видно алкохолизирана состојба.
Тој 50-годишен маж бил толку пијан што со оставил својот меч и пиштол и се предал дури кога полицијата испукала предупредувачки куршум.
Деталите не се познати, а полицијата неведува дека нема индиции дека инцидентот бил политички мотивиран.
