Паника во светот: Новиот вид на корона вирус е заразен и за луѓето!

Тим кинески истражувачи откри нов тип на коронавирус кај лилјаци кој носи ризик да се пренесе од животните на луѓето, бидејќи го користи истиот човечки рецептор како и вирусот што предизвикува ковид-19, објави денеска Southern Morning Post.

Научниците открија нов вид на вирусот HKU5 кој првпат беше идентификуван во јапонски лилјак во Хонг Конг и потекнува од подродот на мербековирус, кој исто така го вклучува и вирусот што предизвикува Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС).

Вирусот е способен да се врзе за човечкиот ензим за конвертирање на ангиотензин (ACE2), истиот рецептор што го користи вирусот Сарс-КоВ-2, кој предизвикува ковид-19.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното