Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денес изрази длабока загриженост за демографските трендови во земјата и повика на конкретна поддршка за семејствата.
„Во последните децении, како што знаеме, бевме сведоци на значителен пад на наталитетот во Европа. Ова бара посветеност на промовирање избори на различни нивоа во корист на семејството, поддршка на неговите напори, промовирање на неговите вредности и заштита на неговите потреби и права“, рече Папата за време на државната посета на претседателската палата Квиринале.
Како што изјави, „татко, мајка, син, ќерка, дедо и баба се, во италијанската традиција, зборови што природно изразуваат и инспирираат чувства на љубов, почит и посветеност“.
