Папата Франциск е стабилен и помина мирна ноќ во болница

Папата Франциск, кој речиси три недели е во болница борејќи се со билатерална пневмонија, помина уште една „мирна“ ноќ и сè уште се одмара, соопшти денеска Ватикан.

Папата беше примен во римската болница Гемели на 14 февруари со тешка респираторна инфекција, која бараше постојани прилагодувања на третманот.

Во средата, Ватикан објави дека неговата состојба останала стабилна тој ден, што му овозможило да работи и да ја зголеми физиотерапијата за дишните патишта и мобилноста.

Оттаму додаваат дека немал никакви респираторни кризи, кои повремено се случувале претходните денови.

Папата не е виден во јавноста откако беше примен во болница, што е негово најдолго отсуство откако ја започна својата папска служба пред 12 години. Неговите лекари не прецизираа колку долго би можело да трае третманот.

Кога не е на механичка вентилација, која дува воздух во белите дробови и не бара седација, папата добива голем проток на кислород низ малите назални цевки.

Папата имаше неколку здравствени проблеми во последните две години и е склон на белодробни инфекции бидејќи како млад имал плеврит и му бил отстранет дел од едното белодробно крило.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното