Во Ватикан оваа година велигденските богослужби ќе ги водат неколку кардинали, а на мисите нема да учествува папата Франциск, кој се опоравува од болест, соопшти прес-службата на Светата столица.
Забележано е дека мисата на Велигденското бдение во базиликата Свети Петар на Велика Сабота, 19 април 2025 година, ќе ја води кардиналот Џовани Батиста Ре, по инструкции на папата Франциск, пренесува Ватикан Њус.
Во недела на Велигден, 20 април, кардиналот Анџело Комастри ќе ја предводи утринската велигденска миса на плоштадот Свети Петар.
СЛЕДЕТЕ НЕ: