Папата Франциск (88) утрово е хоспитализиран поради бронхитис, соопшти Ватикан.
„Денеска, по завршувањето на аудиенцијата, папата Франциск беше примен во болница за да ги направи потребните тестови и да го продолжи лекувањето на бронхитис во болнички услови“, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.
Папата во последните години имаше проблеми со грипот и други здравствени проблеми.