Свет

Папата Лав XIV привремено ги потврди функциите на функционерите на Ватикан

Папата Лав XIV привремено ги потврди функциите на функционерите на Ватикан

Новоизбраниот папа Лав XIV денеска на овие позиции привремено ги потврди лидерите и членовите на институциите на Римската курија, секретарите и претседателот на Папската комисија на државата Ватикан, соопшти Ватикан.

„Светиот Отец, всушност, сака да резервира одредено време за размислување, молитва и дијалог, пред каква било конечна номинација или потврда“, се додава во соопштението, пренесува Ватикан Њус.

Задоволство, но и изненадување од неговиот избор денеска изразија и Августинците, на чиј ред припаѓа Лав XIV.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни