Парискиот суд осуди осум лица за грабежот на Ким Кардашијан во 2016 година

Парискиот суд денеска прогласи осум лица, меѓу кои и водач на банда, за виновни за грабежот на американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан во 2016 година.

Двајца од 10-те обвинети беа ослободени од обвиненијата на денешното рочиште на кое Кардашијан овој пат не присуствуваше.

Омар Аит Кедаш (69), водачот на групата, доби најстрога казна, осум години затвор, од кои пет се условни, а тројца други обвинети по најтешките точки од обвинението добија седум години, од кои пет се исто така условни.