Париз: Три лица повредени, двајца потешко во експлозија во телекомуникациска компанија

Три лица се повредени, од кои две потешко, во експлозија во еден од техничките објекти на телекомуникациската компанија „Оринџ“ во Париз, што предизвика прекин на услугите за 80.000 корисници, соопшти денес претставничката на 7-миот париски арондисман, Рашида Дати.

Инцидентот се случил во подрумот на зградата на компанијата во француската престолнина, а по експлозијата избувнал пожар и тројца вработени биле повредени, додаде Дати, објави „Ројтерс“.

Како што изјави таа, двајца од повредените се во критична состојба, додека третиот се здобил со полесни повреди.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.