Патнички брод со 137 лица удрил во мост на каналот Мајна–Дунав во сојузната држава Баварија, на југот на Германија, соопшти полицијата. Според нив, несреќата се случила доцна синоќа додека бродот се приближувал кон градот Дитфурт, околу 70 километри југоисточно од Нирнберг.
Кабината за кормиларот била премногу висока, поради што удрила во мостот и предизвикала значителна штета, информира полицијата. Меѓу екипажот и 137-те патници нема повредени.
Полицијата проценува дека материјалната штета би можела да достигне и до сто илјади евра. На бродот засега не му е дозволено да го продолжи патувањето, изјави портпаролот на полицијата.