Свет

Патник од авионот ја опиша заложничката криза на аеродромот во Хамбург: „Екипажот ни донесе вода и чоколадо“

Патник од авионот ја опиша заложничката криза на аеродромот во Хамбург: „Екипажот ни донесе вода и чоколадо“

Алина Тујдер од Австрија била една од патниците во авионот за Виена, кој требало да полета синоќа во 20 часот, но патувањето било прекинато поради заложничката криза на аеродромот во Хамбург.

– Слушнав пукање, но во тој момент не знаев што се случува, па не размислував премногу за тоа – ги опиша своите први реакции за 24сата.хр.

Авионот во кој се наоѓаше Алина беше меѓу многуте други авиони на аеродромот кои беа принудени да застанат поради безбедносни причини.

„Немаше доволно храна“

– Не знаевме што се случува, екипажот не ни кажа ништо, а потоа почнаа да пристигнуваат информации од медиумите – додаде таа. Откако забележале пристигнување на полициски возила на околу стотина метри од нивниот авион, патниците ја сфатиле сериозноста на ситуацијата.

– Бевме уморни, гладни и жедни. Екипажот ни донесе мала чаша вода и чоколадо – додава Алина.

По еден час чекање, пилотот ги известил патниците дека авионот од безбедносни причини ќе мора да биде преместен на друга локација, каде што поминале уште два часа. Евакуацијата на нивниот авион била само во еден по полноќ. Алина истакнува дека немало доволно храна и дека некои авиокомпании подобро се грижеле за своите патници од нејзините.

Да потсетиме, во саботата околу 20:00 часот вооружен маж од Турција на возраст од 35 години со нерегистрирано возило „Ауди“ ја пробил оградата на аеродромот. Пукал неколку пати во воздух, а во автомобилот како заложник држел четиригодишно девојче кое го киднапирал од нејзината мајка со намера да ја однесе во Турција. По преговори во текот на ноќта, заложничката криза заврши денеска околу 14 часот и 40 минути, кога мажот и се предал на полицијата. Девојчето за среќа не е повредено.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни