Пациент починал од грип на Инфективна клиника

На Клиниката за инфективни болести во Скопје утрово починал пациент од внатрешноста на земјата кој бил хоспитализиран со тешка клиничка слика поради грип, потврди директорот на установата, Фадил Цана.

Според него, симптомите кај пациентот се појавиле пред пет дена, по што бил ставен на механичка вентилација. Лабораториските анализи покажале дека станува збор за Инфлуенца А.

„За жал, вчера во утринските часови почина 69-годишен пациент кај кого беше потврдена лабораториски Инфлуенца А. Беше донесен во исклучително тешка општа состојба со масивна бронхопневмонија и акутен респираторен дистрес синдром“, изјави Цана.

Според информациите, пациентот имал повеќе коморбидитети и не ја примил сезонската вакцина против грип, иако се наоѓал во ризичната група.