Патувате во Грција? Внимавајте, има избегана крава на патот!

Млада крава предизвика вистински сообраќаен хаос на националниот автопат Атина-Солун во северна Грција.

Животното залутало на патот во понеделник наутро, објави грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на официјално соопштение. Инцидентот предизвика значителни прекини во сообраќајот бидејќи кравата неконтролирано се движела меѓу возилата што минувале, принудувајќи ги возачите да забават и создавајќи опасни услови.

Нема извештаи за повредени, пишува и грчкото издание.

Животното на крајот го вратил неговиот сопственик, но му требало доста време за да ја поврати контролата врз него. Му помогнала полицијата, која привремено го затворила патот за да обезбеди јавна безбедност.

Според државната телевизија ЕРТ, кравата избегала од грижата на својот сопственик во Калохори, село оддалечено околу 6 км од Солун. Откако поминала значително растојание, конечно стигнала до автопатот во близина на Синдос.