Најскапиот квадрат на стан во вториот квартал на 2021 година е продаден на најатрактивна локација – Белград на вода и чинел 9.721 евра покажува најновиот извештај од Републичкиот геодетски завод.
Се работи за брендиран стан Sent Redzis, кој е сместен во кулата „Белград“, а го одликува елеганција и софистициран дизајн.
Вториот станбен комплекс во Белград со највисока цена по квадрат е West 65 во Нов Белград, поевтин за дури 5 илјади евра, односно платен бил 4.733 евра.
Сепак, просечната цена на квадрат на атрактивни локации чини 2.500 евра.
На пазарот на недвижнини од април до јуни годинава беа „свртени“ вкупно 1,6 милијарди евра, што е двојно повеќе од истиот период лани. Во истиот период, купопродажбата на станбени згради низ Србија скокна за неверојатни 82 проценти во споредба со минатата година.
Според извештајот на РГЗ, становите најмногу се купувале во готовина во дури 85 проценти од случаите, додека пак само 15 проценти од граѓаните зеле заем за недвижен имот.