Печени компири – едно од најздравите јадења

Печените компири го држат крвниот притисок под контрола. Доколку ги спремите со кората, тие се одличен извор на хранливи влакна, а имаат и многу малку калории. Сепак, важно е да знаете како да ги припремите.

Богати се со калиум
Печениот компир е на врвот на листата намирници кои се богати со калиум, а е многу важен затоа што го неутрализира штетното влијание на вишокот натриум и го држи крвниот притисок под контрола.

Доколку ги подготвите со кора се одличен извор на хранливи влакна
Еден печен компир покрива 12 проценти од потребите на една возрасна жена и 8 проценти од потребите за хранливи влакна на еден маж. Влакната се важни за варењето и за ефикасна апсорпција на хранливите материи, а печениот компир содржи и растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна го контролираат холестеролот, а нерастворливите помагаат да се исфрлат лошите материи од организмот. Но, за да успеете од оваа здрава намирница да го извлечете најдоброто, неопходно е компирот да не плива во масло, путер или некоја друга состојка.

Имаат малку калории
Компирот неретко е неправедно оптужен дека е калорична храна, но вистината е дека еден печен компир со средна големина содржи околу 170 калории. Калорични се сирењето, кашкавалот, павлаката, путерот и многу други производи кои најчесто се консумираат со компирите. Наместо тоа подгответе ги компирите со многу малку сол и маслиново масло, а јадете ги со природен сос од домати или брокула.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното