Живот

Печките на дрва го зголемуваат ризикот од рак кај жените за 43%, покажа студијата

Печките на дрва го зголемуваат ризикот од рак кај жените за 43%, покажа студијата

Употребата на внатрешни печки на дрва или камини драматично го зголемува ризикот кај жената од развој на рак на белите дробови. Тоа се зголемува за 43% во споредба со жените кои не користат ваков тип на греење, покажа едно американско истражување.

Во Обединетото Кралство, секој 13 маж и една од 15 жени родени по 1960 година се очекува да бидат дијагностицирани со рак на белите дробови во одреден период од нивниот живот. За САД, оваа статистика е еден од 16 мажи и една од 17 жени.

Американската студија укажува дека почестото користење на шпорети и камини со дрва драстично го зголемува ризикот од заболување. За луѓето кои користат греење на дрва повеќе од 30 дена во годината, ризикот се зголемува за 68% во споредба со оние кои не го користат.

Податоците дојдоа од следење на здравјето на 50.000 Американки кои имале сестри со рак на дојка.

„Целта на студијата беше да се идентификуваат и следат генетската предиспозиција и еколошките ризици во болеста на ракот на дојка, но во исто време може да се обезбеди проценка и на други болести. Ракот на белите дробови е водечка причина за смрт од рак кај жените во САД“, вели д-р Сури Мехта од Националниот институт за здравство и здравствени науки.

Новата студија додава повеќе докази дека согорувањето на дрва за греење е лошо за нашето здравје.

Во октомври 2006 година, Меѓународната агенција за истражување на ракот го класифицираше чадот од согорување на дрво како потенцијално канцероген.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни