Пејачот од ДНК Андреј последен пат бил виден во дискотеката како спасува деца

Пејачот на групата ДНК која настапуваше во дискотеката „Пулс’, Владимир Блажев-Панчо е со изгореници на лицето и рацете е хоспитализиран на Клиниката за пластична хирургија, додека Андреј сè уште не е лоциран.

Според извори кои се блиски со семејствата на членовите на бендот, има и починати, но не се откриваат повеќе информации.

Според сведочења Андреј последен пат е виден како по втор пат се враќа во дискотеката за да спасува деца по катастрофалниот пожар кој за само неколку минути брзо се прошири.

Инаку, 24-годишниот тапанар на групата ДНК, Горги, загина во пожарот кој избувна во дискотеката за време на нивниот настап.

Последните официјални информации говорат дека во трагичниот пожар што избувна утрово во дискотеката „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 лица, додека 155 лица се повредени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното