Во својата пекара во американскиот град Лоренсвил е убиен мажот Е.Ф од Босна и Херцеговина.
Полицијата не го потврди идентитетот на повредениот, но медиумите од Босна и Херцеговина наведуваат дека е убиен Ервин Ф.(37), родум од Добој.
Фејзиќ ја водел семејната пекара на автопатот Скеник со мајка си и сестра си, пренесува Српскаинфо.
Убиството се случило во саботата околу седум часот наутро.
Откако се јавила на 911, полицијата пронашла маж со прострелни рани на паркингот. Лекарите се обиделе да го оживеат, но не успеале и била констатирана смрт.
Детективите го поминаа денот барајќи сведоци и прегледувајќи ги снимките од надзорните камери во обид да ги спојат настаните што довеле до трагедијата.
Засега не е познат мотивот за убиството.
Босанската заедница во Лоренсвил била шокирана од нападот.
– Луѓето не можат да веруваат дека се случува вакво нешто! Поразително е… не знам што да кажам. Го знаеме најмалку 20 години. Многупати купувавме леб од него – рекол пријателот на жртвата Елвис С.
Пријател на убиениот за „Фокс 5“ изјавил дека Е.Ф. бил вљубен сопруг и татко.
– Е.Ф беше тивок тип, семеен човек, тукушто го доби второто дете… Ова е шок за сите – изјави Синановиќ.
