Пендаровски бара разрешување на Додовска, го предлага Спасов за член на националниот Совет за евроинтеграции

Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски упатил известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието Илија Димовски дека Александар Спасов, доцент од Универзитетот Св. Кирил и Методиј е предложен како претставник на Кабинетот на Претседателот за член во Националниот совет за евроинтеграции.

Воедно, Кабинетот на Пендаровски бара разрешување на професор д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет.

The post Пендаровски бара разрешување на Додовска, го предлага Спасов за член на националниот Совет за евроинтеграции appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното