Македонија

Пендаровски го свика Советот за безбедност – тема, модифицираниот француски предлог

Пендаровски го свика Советот за безбедност – тема, модифицираниот француски предлог

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денес ќе се одржи седница на Советот за безбедност.

На дневен ред на седницата ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

По завршувањето на седницата најавено е обраќање на претседателот Пендаровски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни