Пендаровски и Штајнмајер се прошетаа во Старата скопска чаршија

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска ја посетија Старата скопска чаршија, како културно-историски дел од Скопје и симбол на македонското мултиетничко општество.

Двајцата претседатели посетија работилница за филигран и се запознаа со начинот на изработка на уникатен накит, а каде неизоставен дел беа и експонати на македонскиот рубин.

Во Сули ан, претседателите поразговараа со студенти од Факултетот за ликовни уметности, при УКИМ и посетија едно од ателјеата каде се одржува нивната настава.

Претседателите Пендаровски и Штајнмајер престојуваа и во Националната галерија Чифте Амам, каде што се сретнаа со Хатиџе Муратова и проследија инсерти од филмот „Медена Земја“.

Претседателот Стево Пендаровски е домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното