Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат на граѓаните и на 30 политички партии денеска, на Меѓународниот ден на Ромите беше на трибина во Шуто Оризари. Тој посочи дека четирите лидери на партиите на Ромите во земјава за прв пат се заедно, обединети за една идеја, сите заедно даваат поддршка на оваа опција и на бројот 3 на претседателските избори.
„Да ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите. Јасно и гласно ќе кажам, политичарите не смеат да говорат за ромските права само на Денот на Ромите. Треба секој ден да водиме грижа за правата и подобар живот на Ромите, на помалите етнички заедници, на сите граѓани“, рече Пендаровски.
The post Пендаровски на трибина во Шуто Оризари: Заедно да го славиме денот на Ромите во европска држава appeared first on ТВ21.