Македонија

Пендаровски – Новак: Северна Македонија и Унгарија одржуваат одлични билатерални релации

Пендаровски – Новак: Северна Македонија и Унгарија одржуваат одлични билатерални релации

Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на 5. издание на Парискиот мировен форум, оствари средба со претседателката на Унгарија, Каталин Новак.

На средбата беше истакнато дека Северна Македонија и Унгарија одржуваат одлични билатерални релации со развиена соработка во повеќе области од заеднички интерес.

Претседателот Пендаровски истакна дека ја цениме унгарската поддршка за македонските евроинтеграции и изрази очекување дека истата ќе добие дополнителен интензитет низ пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија.

На средбата се разговараше и за променетата геополитичка состојба во Европа, во контекст на руската инвазија врз Украина и претседателите споделија мислења и ставови.

Претседателот Пендаровски престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на 5. издание на Парискиот Мировен Форум.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни