Македонија

Пендаровски: Сакам да знам дали само јас сум следен од тајна служба

„Вчера поднесов пријава и очекувам надлежните институции во наредниот период дека ќе го одработат тоа што треба“, изјави претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Пендаровски кажа дека не може да коментира за деталите но останува на ставот дека бил следен и неговиот впечаток за тоа го натера да пријави тоа.

“Не знам за да кажам повеќе за ова, но останувам на тоа зошто мојот впечаток е дека ме следат и затоа пријавив. И сакам да знам дали само јас сум следен од тајна служба“, додаде Пендаровски.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни