Пендаровски со честитки до Меси и целата аргентинска репрезентација – на Мбапе му порача: Браво!
Шефот на државата, Стево Пендаровски упати честитки кон Лионел Меси и целата аргентинска репрезентација која е нов светски првак по триумфот над Франција по изведувањето на пенали.
Тој објави еуфорична фотографија на социјалните мрежи, потенцирајќи дека навивал за аргентинскиот национален тим.