Свет

Пендаровски во Новаци: Со слога и единство сите заедно да чекориме напред за доброто на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска на средба со жителите на Новаци говореше за напредокот, за отворените перспективи за државата, за младите, за придобивките од членството во ЕУ и НАТО. Повика на слога и единство.

– Дајте слога, дајте да си помогнеме. Само паметна политика не носи напред. Ова е единствениот автопат кој не носи кон развиениот свет, кој носи подобро утре за сите, но пред се за младите. Со кавги дома, со комшиите и со најголемите во светот имаме само штета, а за тоа цената ја платија младите. Нашите опоненти велат дека се ќе поништат што направи актуелната власт. Со тоа ќе имаме само блокади и назадување, рече Пендаровски.

На 21 април и на 5 мај, како што рече, сите да се мобилизираме.

– Не може да си седиме дома и друг некој за нас да гласа. Мојот слоган е „Заедно напред“. Затоа да работиме сите, бидејќи отворените перспективи кон ЕУ и НАТО носат само добро за државата и младите. Затоа имаме рекордни инвестиции од 624 милиони евра, имаме вработувања преку гаранција за млади. Се тоа можеме да го забрзаме. Затоа е важно да продолжиме напред, порача Пендаровски во Новаци.

The post Пендаровски во Новаци: Со слога и единство сите заедно да чекориме напред за доброто на државата appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни