Македонија

Пендиков не бил тепан поради национална омраза, рекоа адвокатите на обвинетите на денешното судење

Пендиков не бил тепан поради национална омраза, рекоа адвокатите на обвинетите на денешното судење

Во Основниот суд во Охрид, денеска започна ново судење против Илија Спасески и Борче Ангелоски, обвинети за напад врз Христијан Пендиков, кој по инцидентот доби и бугарско државјанство, идентификувајќи се како Бугарин. Обвинетите не се изјаснија за виновни и преку своите адвокати негираа дека нападот е мотивиран од национална омраза.

Гоце Спасески, сведок и татко на првообвинетиот, изјави дека нема национална омраза, истакнувајќи дека лично учествувал во спасувањето на патници при потонувањето на бродот Илинден, за што добил Орден од Бугарија.

Судот ќе одлучи дали ЦД со изјава на Пендиков за бугарска телевизија ќе биде прифатено како доказ. Одбраната тврди дека снимката е клучна за утврдување на правната вистина, особено за да се потврди дека Пендиков немал сериозни повреди, бидејќи бил присутен на интервјуто.

Спротивно, адвокатот на Пендиков се противи на користење на снимката, тврдејќи дека е ирелевантна за случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни