Македонија

Пендовски: Светот, а и ние истражуваме како болест која потекнува од животни, се пренесува само од човек на човек

Болеста COVID-19 е предизвикана од корона вирус кој  спаѓа во групата на РНК вирусите. Научното име на предизвикувачот на COVID-19 според Меѓународниот комитет за таксономија на вируси (ICTV) е SARS-CoV-2. Воопшто земено, инфекциите со коронавирусите се доста чести кај животните и предизвикуваат најразлични заболувања. Само неколку видови од коронавирусите можат да се пренесат од животно на човек и да предизвикаат болест, односно се т.н зоонотскивируси. Сепак треба да се нагласи и дека постојат многу видови од коронавирусите кои не се пренесуваат од животнте на луѓето и се типични за видот.

-Научните податоци потврдуваат дека вирусот SARS-CoV-2 потекнува од животни. Меѓутоа пренесувањето на болеста COVID-19 е единствено е од човек на човек. Генската секвенца на SARS-CoV-2 е многу идентична во својот профил со други слични коронавируси изолирани од лилјаци од фамилијата Rhinolophidae. Вирусот на COVID-19 може да се врзе на клеточните површински рецептори кои во својот состав имаат протеин познат како ACE2 и е присутен во клетките кај многу видови на животни.Сепак, до денес нема доволно научни докази кои го јасно го објаснуваат патот на пренесување на SARS-CoV-2 од животните кај луѓето и се претпоставува дека постои т.н „интермедијален домаќин” кој највероватно учествува во трансмисијата на вирусот кај луѓето.Во научниот свет се прават интезивни истражувања со кои ќе се потврди примарниот извор на болеста односно да се утврди како вирусот се пренел кај луѓето и да се утврди потенцијалната улога на животните како резервоар на оваа болест, вели за „Фокус“ професор Лазо Пендовски, декан на Факултетот за Ветеринарна медицина во Скопје.

Читај повеќе на Фокус.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни