Македонија

Пензионери од Неготино преку протест бараат повисок пензионерски стандард

Пензионери од Неготино преку протест бараат повисок пензионерски стандард

Пензионери од Неготино преку протест бараат повисок пензионерски стандард. Тие денеска извесно време го блокираа и патот од Неготино кон Кавадарци, на тој начин, како што рекоа, изразувајќи го својот револт поради ниските пензии и тешкиот пензионерски живот.

По блокадата на патот незадоволните пензионери се движеа со транспаренти за зголемување на пензиите, низ главната улица во Неготино.

-Бараме повисок стандард, линеарно покачување на пензиите од по пет илјади денари, минималната пензија да биде 18 илјади денари. Си ги бараме нашите пензионерски права и услови за подостоинствен живот, рекоа разочарани пензионери на протестот.

Веќе извесен период, пензионери од Неготино и Кавадарци протестираат во одредени денови, барајќи да се слушне нивниот глас и да им се подобрат пензионерските денови.

Минатиот петок, неготинските пензионери го блокираа на еден час влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, за, како што рекоа, да алармираат за нивните проблеми и да побараат нивно решавање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни