Попладнево во судница исказ за случувањата на 27 април дава и Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање.
Тој во својата одбрана вели дека на денот бил пред, но и во законодавниот дом. Додава дека во Собранието видел лица со маски кои носеле значки од МВР.
Во својот исказ тој раскажуваше и за спасувањето на Радмила Шекеринска. Пепиќ вели дека Никола Тодоров и ставил капа во која и ја собрал косата за да не ја препознаат. Пепиќ пак, ја земал ташната од докторката од Брза помош, ја испразнили и ја закачил на рамото на Шекеринска.
На шега и рекол Пепиќ на Шекеринска: „Госпоѓо Шекеринска, само кондурите не ви личат за докторка” – раскажуваше Пепиќ, што наиде на смеење меѓу присутните во судницата.
