Македонија

Пешевска: ЈО да покрене постапка за инцидентот со говорот на омраза и сексистичките навреди на навивачката група Балисти

Пешевска: ЈО да покрене постапка за инцидентот со говорот на омраза и сексистичките навреди на навивачката група Балисти

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, Жаклина Пешевска денеска на прес конференција побара Јавното обвинителство да покрене постапка за инцидентот со говорот на омраза и сексистичките навреди од страна на навиначката група Балисти.

„Во нивното објавено видео се слушаат извици со етнички и сексуални навреди кои се повеќепати извикувани. Со ваквиот однос се забележува и говор на омраза од страна на навивачката група Балисти по повод 30-годишен јубилеј.

За овој скандалозен инцидент не слушнавме никаква реакција од страна на надлежните институции, од МВР и ги повикуваме веднаш најостро да го осудат и санкционираат овој чин со кој се шири говор на омраза и сексизам.

Очекуваме и од останатите чинители, од политичките партии, меѓународните организации за заштита на човековите права, женските организации како и Клубот на пратенички во собранието најостро да го осудат ваквиот начин на делување со што би се спречиле идни вакви дејствија. Ова не е прв инцидент на навивачи од оваа навивачка група, пред само четири години ваквиот начин на ширење на меѓуетнички тензии заврши и со физички напади.

Власта наместо да толерира, а со тоа и да одобрува вакви инциденти, најитно да преземе превентивни мерки, а за навредливите скандирања и говорот на омраза, потребно е од страна на Обвинителство да се прецизира кривичното дело и да се покренат адекватни постапки за лицата учесници во случајот.

Поаѓајќи од демократските принципи на меѓусебното почитување, а во насока на создавање на здраво општество во кое секој ќе се чувствува безбеден и слободен, ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува ова девијантно однесување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни