Песто од панцета, ф’стаци и магдонос

Намачкано на крекери или препечен леб, едноставно неодоливо …

Потребно е:

6 тенко исечени парчиња панцета
малку рузмарин
1 китка магдонос
3 чешниња лук
1 рака ф’стаци
1/2 китка босилек
1 лимон
пекорино сирење, изрендано
пармезан, изрендан

Подготовка:
– Парчињата панцета испржете ги со рузмарин во тава на рингла на средна температура додека да станат крцкави.

– Во аван ставете го лукот и листовите магдонос и со кружно движење измелете ги.

– Додадете сок од лимон, а потоа и босилекот и бланшираните и излупени ф’стаци. Повторно убаво истолчете.

– На крај додадете ги изренданите сирења  и зачинете со сол и бибер. Измешајте.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното