Попладнево се случи сообраќајна несреќа во близина на месноста Стамерски Преод, при што сообраќајот на патот Делчево – Пехчево – Берово беше во прекин. Според првични информации, во несреќата учествувале три возила, а на местото на настанот излегле екипи на Итна медицинска помош и ТППЕ Делчево.
„Донесени се пет повредени лица. По првичните прегледи, тројца се во добра состојба, додека двајца ќе бидат препратени во блиските болници во соседните градови за дополнителни прегледи“, изјавија од Итната медицинска помош.
На местото на несреќата се присутни и екипи на делчевската полиција, кои вршат увид за утврдување на причините за несреќата. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. За сите оние кои се упатуваат кон Пехчево и Берово, обезбеден е алтернативен пат преку село Тработивиште.