Пет од обвинетите не бараат амнестија, адвокатот на Чавков овој закон го нарекува циркус

Пет од обвинетите за настаните на 27 април, не поднеле барање за бидат опфатени со Законот за амнестија. Тие се: Митко Чавков, Игор Друловски, Душко Лазаров, Игор Југ и Јане Ченто. 64 обвинети кои учествувале во крвавиот настан, до Основниот суд доставиле барање за помилување за делата за кои се товарат.

Сега судот има пет дена, откако ќе добие мислење од Обвинителството, да одлучи кој ќе биде амнестиран а кој не. Адвокатот на Митко Чавков, Сашо Дуковски, рече дека ниту не помислиле да бараат амнестија, бидејќи не е логично да се побара амнестија во текот на судска постапка, за нешто за кое тие претходно се изјавиле како невини.

Се вчитува...

Извор: ТВ21