„ЕК изјави дека е подготвена да биде гарант преку преговарачката рамка за правата на бугарските малцинства во Северна Македонија за да се осигура дека се почитуваат интересите, како и сите права на Бугарите во РСМ и дека преговарачката рамка и процесот ќе придонесе за ова добрососедство на кое се надеваме“.
Ова го изјави премиерот Кирил Петков во Народното собрание.
Тој додаде дека нема да се обидува да склучува никакви договори за Северна Македонија.
„Имаме јасно напишан договор за коалиција, кој строго го почитуваме. Ги набљудуваме сите наши постапки да бидат во склад со него. Јас како премиер немам право на никаков начин, ниту ќе се обидам да направам некакви договори, имаме рамковен став, декларација“, изјави Кирил Петков за позицијата на Бугарија кон РС Македонија.
Тој вели дека секоја одлука мора да се донесе во целосна заедница со коалицијата и опозицијата.
„Актуелната ситуација во Украина го направи случајот во РСМ уште поделикатен. Западен Балкан е исто така регион во ризик, безбедноста на Западен Балкан е од големо значење за бугарската држава. На овие одлуки мора да им пристапиме со голема одговорност“, вели Петков.