Македонија

Петличковски: Анализата покажува дека најголем дел од починатите од ковид се невакцинирани

Петличковски: Анализата покажува дека најголем дел од починатите од ковид се невакцинирани

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски денеска на прес конференција посочи дека анализата на смртноста од ковид-19 покажува дека најголем дел од починатите се невакцинирани.

„Најголем дел од починатите од ковид се невакцинирани, не целосно вакцинирани или вакцинирани пред повеќе од 6 месеци затоа апелираме граѓаните да се вакцинираат со 3 доза“, вели тој.

Петличковски додаде дека третата доза во моментов дава гаранција за над 95 проценти заштита од хоспитализација и смрт.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни