Петмина скијачи загинаа во две одвоени снежни лавини на француските Алпи, потврдија денеска локалните власти.
Четворица норвешки скијачи загинаа во лавина во Вал-Сенис, во југоисточниот регион Савоја, додека еден швајцарски скијач загина на север во регионот Горна Савоја, во близина на Шамони, јавува Би-Би-Си.
Тројца Норвежани починале на лице место, додека една жена починала во блиската болница поради хипотермија и кардиореспираторен застој.
Тие биле дел од поголема група од седум скијачи, од кои тројца не биле повредени.