Славјанка Петровска од СДСМ вечерва истакна дека одговорност во партијата мора да има.
„Одговорност, се разбира, дека мора да има, и истата треба да се посочи. Е сега како натака таа ќе се рефлектира дали тоа ќе бидат оставки, разрешувања, и.т.н тоа е следен чекор. Сите ние кои сме дел од СДСМ, можам да кажам дека имаме дел од одговорноста, и не можеме истата да ја сведиме само на лидерот или на кандидатите“, порача Петровска за Канал 5.
Таа додава дека може да се лоцира одговорноста и да речат дека целото раководство треба да поднесе оставка, но тоа не е сега моментот.
„Моето прашање е како СДСМ да го преживее ова и како да се издигне над сето ова“, порача Петровска.