Петровска: Однесувањето на ВЛЕН е полошо од она на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ се застанати во 2015 година

Славјанка Петровска од СДСМ беше гостинка во „Дејли Клик“ на ТВ21. Екс министерката за одбрана ја коментираше сегашната коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

„Сега гледаме дека коалициските партнери отстапуваат од она што го ветуваа во предизборието. ВМРО-ДПМНЕ велеа дека нема да толерираат однесување на коалицискиот партнер ВЛЕН како на ДУИ, а сега гледаме дека е полошо. ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека нема ја прифатат придавката Северна, и тоа беше од ова студио чинам дека ако некој ги натера да употребуваат Северна, дека нема да ја преземат власта, но на крајот да кажат дека тоа е реалност. ВЛЕН, пак, кажаа дека уставни измени мора да има за шест месеци по коалицијата, па сега се откажаа од таа намера“, рече Петровска која владеењето на ВМРО-ДПМНЕ го нарече „режим“.

„Слободно можам да кажам дека ова е истото ВМРО-ДПМНЕ од 2015 година, и можам да го наречам како режим“, рече Петровска од студиото на ТВ21, и кажа дека челници од ВМРО-ДПМНЕ често патувале на релација Скопје – Будимпешта.